Достапни линкови

Обама: нема да има американска воена акција во Украина


Американскиот претседател Барак Обама ја отфрли можноста за каква било американска воена акција во Украина. Говорејќи вчера во интервјуто за НБЦ телевизијата, Обама изјави дека немаат намера да започнат воена екскурзија во Украина. Сепак, тој нагласи дека Вашингтон ќе продолжи да врши дипломатски и економски притисок врз Москва поради нејзината интервенција во Украина.
„Она што планираме да го сториме е да ги мобилизираме сите наши дипломатски ресурси за да бидеме сигурни дека имаме силна меѓународна коалиција која испраќа силна порака“ додаде Обама.
XS
SM
MD
LG