Достапни линкови

Германија суспендира воен договор со Русија


Германија суспендира голем воен договор со Русија како одговор на анексијата на Крим од страна на Москва. Министерството за економија вчера соопшти дека договор потпишан во 2011 година за обезбедување опрема за борбениот тренинг- центар за руските трупи, нема да биде комплетиран во овој период.
Според информациите, договорот меѓу руската влада и Рајнметал е вреден околу 100 милиони евра.
Германските медиуми јавуваат дека било предвидено борбениот центар да учествува во обуката на 30 илјади руски војници годишно.
Министерството за економија соопшти дека извоз на опрема не е оправдан во моменталната ситуација.
XS
SM
MD
LG