Достапни линкови

logo-print

Црна Гора и Албанија се придружија кон санкциите против Русија


Кетрин Ештон

Кетрин Ештон

Шест европски земји кои не се членки на ЕУ, меѓу кои се и Црна Гора и Албанија, се придружија кон санкциите на Унијата против Русија, соопшти Кабинетот на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон. Во соопштението се наведува дека Црна Гора, Албанија, Исланд и Молдавија во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација ги усвоиле европските санкции кон Русија, кои вклучуваат забрана за патувања и замрзнување на сметките на повеќе руски и кримски функционери.
Норвешка и Лихтенштајн, кои не се членки на ЕУ, но се во составот на Европската економска заедница, исто така се приклучиле кон санкциите.
Европската унија беше информирана за овие одлуки и ги поздрави, порача Ештон.
XS
SM
MD
LG