Достапни линкови

Најдени два објекта кои можеби се од малезискиот авион


Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека на сателитски снимки се пронајдени два објекта кои би можело да се во врска со потрагата по малезискиот звион кој исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот. Тој истакна дека од потрагата во јужниот дел на Индиски Океан доаѓаат нови и веродостојни информации. Абот додаде дека авионот летал на правецот каде што објектите биле најдени.
Во меѓувреме, американскиот претседател Барак Обама изјави дека откривањето на она што се случило со малезискиот авион е врвен приоритет за Вашингтон. Во првиот јавен коментар во врска со ова, Обама рече дека зголемени американски ресурси се користат во потрагата, вклучувајќи ги ФБИ и други кои се занимаваат со воздухопловство.
XS
SM
MD
LG