Достапни линкови

Талибански бунтовници нападнаа полициска станица


Најмалку едно лице загинало во нападот на бунтовници врз полициска станица во источниот авганистански град Џалалабад. Претставник на локалните власти изјави дека нападот на група вооружени лица врз станицата започнал со активирање на автомобил бомба. Во експлозијата тешко била оштетена и соседната зграда во која се наоѓа радио телевизиска станица.
Портпаролот на Талибанците Забинулах Муџахид во порака до медиумите изјави дека нападот бил изведен од страна на талибански бунтовници.
XS
SM
MD
LG