Достапни линкови

Ештон: Иран и светските сили имаа корисни разговори


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон оцени дека Иран и светските сили во Виена одржале суштински и корисни разговори во втората рунда од преговорите за долгорочно решавање на спорот околу иранската нуклеарна програма. Таа најави дека двете страни повторно ќе се сретнат на 7 и 8 идниот месец. Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф ги повтори оценките на Ештон за преговорите. Во јануари годинава стапи во сила шестмесечниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили за запирање на иранското збогатување ураниум во замена за олабавување на меѓународните санкции врз Иран.
XS
SM
MD
LG