Достапни линкови

Бан ки Мун во посета на Москва и Киев


 Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, како што е соопштено во Њујорк, утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин по што в петок во Киев ќе разговара со украинските власти за деескалирање на кризата околу Крим. Во меѓувреме британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Русија би можело да се соочи со постојано исклучување од Групата 8 индустријализирани земји доколку по анексирањето на Крим, преземе натамошни акции против Украина. Во Вилнус пак, американскиот државен секретар Џо Бајден оцени дека Русија е на темниот пат на изолација. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер повика на итен договор за посматрачки мандат на ОБСЕ во Украина.
XS
SM
MD
LG