Достапни линкови

Попоски и Бесими утре во Брисел на средба со Филе


Министерот за надворешни работи Никола Попоски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими утре ќе престојуваат во работна посета на европските институции во Брисел. Како што соопшти МНР, тие ќе имаат заедничка средба со комесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, на која ќе се разговара за исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво. На состанокот, исто така, ќе се разгледаат перспективите на евроинтегративниот процес на Македонија во 2014 година. Предвидени се и други средби со високи претставници од европските инситуции.
XS
SM
MD
LG