Достапни линкови

logo-print

Басеску: Крим е епизода во обновата на Советскиот сојуз


Трајан Басеску

Трајан Басеску

Романскиот претседател Трајан Басеску денеска на крајот од средбата со својот молдавски колега Николае Тимофти во романскиот град Јаши, оцени дека Крим е само една епизода во потезите на Русија. „Идејата за обновување на поранешниот Советски Сојуз е идеја која е политичка реалност според начинот на кој се размислува во Москва“, посочи Басеску. Тој рече дека неговите изјави немаат за цел да ја навредат Русија, потенцирајќи дека ситуацијата во регионот треба да се анализира. „За жал, сметаме дека ќе има следен чекор. Само не знаеме кога ќе биде направен“, изјави тој.
XS
SM
MD
LG