Достапни линкови

За гласачите од Пустец, Јанкулоска упатува во ДИК


Министерката Гордана Јанкулоска на работен состанок со раководството на Одделот за обезбедување при МВР.

Министерката Гордана Јанкулоска на работен состанок со раководството на Одделот за обезбедување при МВР.

Како ќе изгледа избирачкиот список, дали некој ќе биде избришан, дали некој ќе биде додаден, е работа на ДИК, а не на МВР, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ја префрли топката за гласачите од Пустец кај Државната изборна комисија, откако ДУИ обвини дека 453 граѓани, од кои по 10, па и по 20 имаат иста адреса на живеење во Македонија, се пријавени за гласање во македонската амбасада во Тирана.
Како ќе изгледа избирачкиот список, дали некој ќе биде избришан, дали некој ќе биде додаден врз основа на приговори на овластените подносители на приговори, јас не би можела да ви одговорам затоа што не сум член на ДИК.

На новинарско прашање, дали МВР, при издавање лични карти, проверува дали луѓето на кои им ги издава исправите имаат место на живеење во Македонија, министерката Јанкулоска рече дека сите прашања кои се поврзани со избирачкиот список треба да бидат упатени до ДИК, како единствена надлежна институција за тоа.

„Инаку не би ги коментирала обвинувањата на Абдулаќим Адеми или на кој било друг политичар, затоа што ова е период на предизборна кампања и ваквиот настап го гледам како начин на сопствена промоција пред сопственото гласачко тело. Како ќе изгледа избирачкиот список, дали некој ќе биде избришан, дали некој ќе биде додаден врз основа на приговори на овластените подносители на приговори, јас не би можела да ви одговорам затоа што не сум член на ДИК“, рече Јанкулоска.
Горенаведените лица немаат обезбедено ниту имот, ниту имаат договор за домување, затоа тие се пријавени спротивно на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето.

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Абдулаќим Адеми, претходно рече дека за нив се спорни 453 избирачи што треба да гласаат како дијаспора во амбасадата во Тирана, при што во некои случаи по 25 луѓе се пријавени на иста адреса во општините Центар, Кичево или Ресен, што, според него, е спротивно на законот.

„Врз основа на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, се смета дека граѓанинот има обезбедено стан за живеење, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот. Значи, горенаведените лица немаат обезбедено ниту имот, ниту имаат договор за домување, затоа тие се пријавени спротивно на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето“, рече Адеми.

ДУИ за овие спорни гласачи поднесе приговор до ДИК. Опозицискиот СДСМ, пак, поднесе приговор зашто се сомнева во веродостојноста на податоците на 22 илјади гласачи од 22 општини. Потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи, ни кажа дека седницата за овие приговори ќе биде закажана за утре за да може секој член на Комисијата подетално да ги разгледа и да биде донесена соодветна одлука.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и раководството на Одделот за обезбедување при МВР на денешниот работен состанок ги финализираа подготовките во пресрет на кампањата за претстојните претседателски избори, која официјално започнува на 24 март.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG