Достапни линкови

Бајден - Русија на „темниот пат“ кон изолација


Американскиот претседател Џо Бајден, кој е во посета на Литванија, изјави дека Русија е на "темната патека" кон изолација по анексијата на Крим.

Говорејќи на прес конференција со литванскиот претседател Далија Грибаускаите и латвискиот претседател Андрис Бержинс, Бајден ветил дека НАТО ќе одговори "на било агресија" против нејзините земји-членки.

Тој рече дека американскиот претседател Барак Обама ќе го искористи претстојниот самит на НАТО во Велс за да се обезбеди членовите на Алијансата да се повикаат на артиклот 5 за колективна одбрана.

Грибаускаите ја нарече руската акција на Крим директна закана за регионалната безбедност и рече дека мора да се преземат сите мерки за заштита. Бајден во Варшава се состана и со полскиот премиер Доналд Туск и со претседателот на Естонија Томас Хендрик Илвес.
XS
SM
MD
LG