Достапни линкови

Русија ги обвини САД и ЕУ дека го кршат договорот за Украина


Меморандум од Будимпешта 1994

Меморандум од Будимпешта 1994

Русија ги обвини западните држави за кршење на ветувањето дека ќе го почитуваат суверенитетот на Украина согласно договор за безбедност од 1994 година.

Министерството за надворешни работи соопшти дека со потикнување на државен удар во Киев, западните земји го прекршиле Меморандум од Будимпешта.

Со тој договор, САД, Велика Британија и Русија го гарантираа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во замена за заложбата на Украина да се откаже од својот нуклеарен арсенал по колапсот на Советскиот Сојуз.

Русија го анектираше Крим – потег, кој на Запад се гледа како повреда на истиот Меморандум од Будимпешта. Советот за безбедност на ОН се очекува денеска да одржи вонредна седница за кризата во Украина , што ќе биде осма седница овој месец.
XS
SM
MD
LG