Достапни линкови

Осомничениот во аферата „Шпион“, Перков екстрадиран во Скопје


Архива - „Шпион“

Архива - „Шпион“

МВР потврди дека денеска од Прага во Скопје е екстрадиран , 52-годишен велешанец Борис Перков, осомничен во аферата „Шпион“.

Екстрадицијата се одвивала преку аеродромот во Виена и Перков веќе се наоѓа во Истражниот затвор – Скопје. Перков чекаше екстрадиција во Прага од септември лани, кога беше уапсен по меѓународна потерница од македонските власти.

Во Србија екстрадиција очекува и новинарот Зоран Божиновски, а уште еден осомничен Јане Младеновски се уште не е достапен.

Во судскиот процес за случајот „Шпион“се обвинети 20 лица кои одговараат за оддавање државни тајни, злосторничко здружување, закани и изнуди.
XS
SM
MD
LG