Достапни линкови

logo-print

Руски Уставен Суд - анексијата на Крим е уставна


Рускиот Уставен Суд оцени дека анексија на Крим е легална.
Претседателот на судот, Валери Зоркин изјави дека договорот за пристапување на украинската автономната република Крим и градот Севастопол во Русија е во согласност со рускиот Устав.

Рускиот парламент се очекува да го поддржи договорот оваа недела. Рускиот претседател Владимир Путин и сецесионистичките лидери на Крим потпишаа договор само два дена по контроверзниот референдум со кој мнозинството етнички руси на Крим го поддржа овој потег.

Украина и западните земји ги отфрлија референдум на Крим и неговата анексија како нелегални.
XS
SM
MD
LG