Достапни линкови

logo-print

Јаценјук: Конфликтот со Русија веќе е на воено ниво


Украинскиот премиер Арсениј Јатценјук изјави дека украинскиот конфликт со Русија дошол до воена фаза. Тој истакна дека руски војници почнале да пукаат врз украинските војници на Крим. Јатценјук оцени дека тоа е воено злосторство. До ваквата изјава дојде откако беа објавени информации дека еден украински офицер бил убиен во престрелка кај украинската воена база во близина на Симферопол на Крим. Не е познато кој пукал врз украинските војници, но базата е опколена од про-руски вооружени лица.
XS
SM
MD
LG