Достапни линкови

За СДСМ спорни околу 20.000 лица од Избирачкиот список


СДСМ соопшти дека поднеле претставка до Државната изборна комисија (ДИК) во која се наведени сомневањата во врска со точноста на податоците за преку 20.000 лица кои се наоѓаат на Избирачкиот список, во 22 општини во земјата.
Сомневањето на партијата, како што се наведува во партиското соопштение, е дека дел од овие лица или се починати, или повеќе не живеат во Република Македонија или пак станува збор за лица кои не живеат на наведените адреси во Избирачкиот список.
СДСМ бара во најкус можен рок ДИК во соработка со останатите надлежни институции да ја утврдат фактичката состојба за наведените лица и да постапат согласно нивните законски надлежности.
XS
SM
MD
LG