Достапни линкови

ДУИ со приговор до ДИК за гласачите во амбасадата во Тирана


ДУИ поднесе приговор до Државната изборна комисија (ДИК) за 453 гласачи запишани во Избирачкиот список кои се пријавени за гласање во Амбасадата во Тирана. Според шефот на изборниот штаб на партијата Абдилаќим Адеми, повеќе од овие лица имаат иста адреса на живеење.
Според Адеми 105 граѓани од Албанија се пријавени за гласање во Тирана, а кои имаат иста адреса на живеалиште во Општина Центар, 113 граѓани во Општина Кичево, 235 во Преспа.
- Врз основа на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето се вели дека: се смета дека граѓанинот има обезбедено стан за живеење, ако тој или член на неговото семејство има вселив стан по основ на сопственост или договор за закуп во согласност со законот, значи горенаведените лица немат обезбедено ниту имот ниту имаат договор за домување, затоа тие се пријавени спротивно на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето, рече Адеми на прес-конференција.
ДУИ бара од ДИК и Министерството за внатрешни работи да го разгледаат нивното барање и да ги избришат овие лица од Избирачкиот список со што ќе се придонесе за поголема доверба во изборниот процес.
XS
SM
MD
LG