Достапни линкови

logo-print

Путин: не сакаме распад на Украина, но Крим мора да е руски


R

R

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната заедничка на двата дома на парламентот изјави дека Русија не сака распаѓање на Украина, но оти Крим мора да биде дел од Русија. Путин наведе дека Русија ги почитува сите етнички групи на Крим и оти таму ќе има три еднакви јазици, рускиот, украинскиот и на кримските татари. Тој додаде дека Крим ќе биде дом на оние што се векови живееле таму. Путин оцени дека Крим го потврди своето право на самоопределување и ситуацијата ја спореди со онаа на Косово. Според него, на Крим не дошло до воена интервенција, односно дека не бил истрелан ниту еден куршум. Путин рече дека ситуацијата во Укрина ја рефлектира меѓународната нестабилност во изминативе години. Според Путин, американската надворешна политика била диктирана од правото на посилниот, наведувајќи дека Западот ја минал линијата околу Украина и дејствувал непрофесионално и неодговорно.
XS
SM
MD
LG