Достапни линкови

Нема кампања, а сите во кампања


Средба со граѓани на Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија.

Средба со граѓани на Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија.

Кандидатите за претседател не губат време до почетокот на предизборната кампања. Тие се веќе растрчани по градови и села и се среќаваат со граѓаните.

Иако е предвиден законски рок за водење кампања, кандидатите за претседател не губат време. Веќе се во интензивна комуникација со граѓаните од сите структури, етнички и професионални, низ сите краеви од земјава, помали и поголеми. Ваквите активности не се забранети во смисла на државнички или на партиски, но се нова практика која ја наметна владејачката партија да се биде во постојана кампања, посочуваат експертите.
Тоа е став или политика што го наметна владејачката партија и тоа го прават од 2006 навака.

„Тоа е став или политика што го наметна владејачката партија и тоа го прават од 2006 навака. Во земјите во регионот е така, тоа е една нова политика, една нова генерација, додека во Европската унија е сосема поразлично. Таму се многу ограничени процедурите за тоа како може претседател или претседател на Влада да присуствува на настани, да посетува места итн., пред кампањата и сето тоа будно се следи од новинарите“, анализира професор Никола Дујоски.
Ние сме доведени во ситуација во која тие самите преку законски решенија го лимитираат периодот за водење кампања и истото тоа не го почитуваат.

Очигледно е дека претседателските кандидати сакаат да создадат што поцврста слика кај граѓаните дека се грижат за нивните интереси и дека тоа ќе продолжат да го прават и по нивниот евентуален избор, а од друга страна политичките елити веќе согледуваат што е тоа што најмногу делува кај граѓаните, додава Дујоски.

„Кај граѓаните не делуваат конкретните резултати или подобрувањата на БДП-то или поголемата вработеност, делуваат ветувањата, делуваат да дојде некој и да им се обрати, да им кажува итн., тоа делува кај нашите граѓаните, тие на тоа на тоа гласаат во изминатиот период“, вели тој.

Аналитичарот Алберт Муслиу не гледа никаков проблем во тоа желбата на политичарите, во случајов на кандидатите за иден претседател на државава, да ја прошират кампањата надвор од предвидениот рок според законот од дваесет дена, зашто, како што вели, тоа се случува и во поразвиени демократии, но не гледа зошто во тој случај постои тоа ограничување кое не го почитуваат.

„Ние сме доведени во ситуација во која тие самите преку законски решенија го лимитираат периодот за водење кампања и истото тоа не го почитуваат и на разни начини се трудат да стигнат до граѓаните, да се искажат пред граѓаните, но некако тоа да го замотаат во нешто што не е кампања“, вели тој.

Во овој случај, додава Муслиу, причината може да лежи и во задоцнетото промовирање на кандидатите кои се држеа во тајност до последен момент при што се пропушти шансата за нивното целосно промовирање, но и нивната достапност да одговорат на сите прашања за кои се заинтересирани граѓаните.

Со оглед на тоа дека законското решение не соодветствува со праксата, можеби треба да се предвиди продолжување или отсуство на секакво лимитирање колку ќе трае изборната кампања. За построги процедури кои би се пропишале и почитувале прецизно потребна е политичка волја и поинакво ниво на демократија, коментираат експертите.
XS
SM
MD
LG