Достапни линкови

Последните зборови од исчезнатиот авион биле на копилотот


Претставници на Малезија Ерлајнс чиј авион мистериозно исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот соопштија дека истрагата покажала оти копилотот Фарик Абдул Хамид бил тој кој мирно рекол: „В ред, лека ноќ“ по што веќе нема трага од леталото. Малезиските претставници веруваат дека комуникациските системи во авионот биле намерно исклучени. Тоа, според некои експерти, ја прави веројатна теоријата дека за исчезнувањето на авионот бил одговорен некој од патниците или од членовите на екипажот. Новинските агенции јавуваат дека потрагата по авионот била проширена на два коридора кои се протегаат од Казахстан, преку Пакистан до Австралија. Во потрагата се вклучени 26 земји.
XS
SM
MD
LG