Достапни линкови

Обама-Палестина и Израел да донесат тешки одлуки


Американскиот претседател Барак Обама со палестинскиот лидер Махмуд Абас

Американскиот претседател Барак Обама со палестинскиот лидер Махмуд Абас

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Палестинците и Израелците мора да бидат подготвени да преземат ризик и тешки политички одлуки за постигнување мир. Обама говорејќи по средбата со палестинскиот лидер Махмуд Абас во Белата куќа изрази надеж дека ќе биде постигнат напредок во преговорите меѓу двете страни во престојните недели.
Абас изјави дека ослободувањето на четвртата група на палестински затвореници од Израел ќе покаже колку властите од земјата се посветени на мировниот процес.
XS
SM
MD
LG