Достапни линкови

САД и ЕУ: санкции како одговор за Крим


Американскиот претседател Барак Обама предупреди и дека ќе има и дополнителни санкции доколку Москва продолжи со натамошни провокации кон Украина

Американскиот Претседател Барак Обама воспостави санкции против седум руски и четворица украинци како одговор на руската окупација на Крим и референдумот за сецесија. На листата се рускиот заменик премиер, двајца претседателски советници, двајца про руски лидери на Крум и остранетиот претседател Виктор Јанукович.
Обама предупреди и дека ќе има и дополнителни санкции доколку Москва продолжи со натамошни провокации кон Украина

„Сега, јас верувам дека има начин да се режи кризата на дипломатски начин согласно интересите на Русија и Украина. Тоа значи повлекување на руските сили од Крим и нивно враќање во базите. Потоа да се распоредат меѓународни посматрачи и да се интензивира дијалогот со украинската влада која пројави отвореност за продолжување на устравните реформи како што се ближат изборите оваа пролет“

Белата Куќа соопшти дека станува збор за невообичаена и огромна закана за американската национална безбедност.

Денеска и министрите за надворешни работи на Европската Унија во Брисел договорија санкции против 21 официјална личност од Украина и од Русија поради нивниот удел во руската инвазија на Крим и вчерашниот рефренедум. Санкциите превидуваат забрана за патување и замрзнување на сметките.
Литванскиот министер за надворешни работи Линан Линкевичиус објваи на Твитер дека во наредните денови ќе следуваат и дополнителни санкции. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Кетрин Ештон изјави денеска дека Европа треба да и испрати најсилна можна порака.

Во меѓувреме и НАТО ја предупреди Русија да не презема какви било чекори за да го одвои Крим од Украина. Во соопштението референдумот на Крим за приклучување кон Русија е оценет како незаконски и нелегитимен. Во соопштението на НАТО се наведува и дека условите под кои се одржа гласањето во неделата, вклучувајќи ја и руската воена интервенција, како и ограничувањата и манипулацијата на медиумите не му дава кредибилитет на гласањето. НАТО ја повика Русија да ги прекине сите воени активности против Украина.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG