Достапни линкови

Мијалков vs СДСМ за неговата „поврзаност“ со Ексико


Директорот на ДБК Сашо Мијалков се огласи со соопштение за обвинувањата на СДСМ за поврзаноста со компаниите Ексико, З.К. Пелагонија-Битола и Бетон Штип. Тој воедно прашува дали СДСМ има воопшто сознанија за некаква незаконитост во неговото работење.
СДСМ имено денеска обвини дека фирмата „Ексико“ која била со основачки капитал од „Лугано“ е поврзана со директорот на УБK Сашо Мијалков, и влегла во бизниси во земјоделството и во градежништвото.
„Фирмата „Ексико“ влегла во земјоделскиот комбинат Пелагонија – Битола, на 29.11.2011 година. Ексико преку З.К.Пелагонија влегла во Жито Лукс, во Жито Вардар и во Жито Полог. Ексико и преку Пелагонија Полог влегува во Жито Полог, рече на прес-конференција портпаролот Петре Шилегов, истакнувајќи дека главни акционери во Пелагонија се Ексико и Орка Холдинг. Според Шилегов, минатата година Пелагонија добила субвенции од државата од 1,2 милиони евра, а во 2011 година - 1,3 милиони евра. СДСМ тврди дека Ексико со партнерот „Орка Холдинг“ влегол и во Бетон Штип, фирма која како што посочи Шилегов повикувајќи се на податоци од Бирото за јавни набавки, добила тендери во вкупна вредност од над 25 милиони евра
Според Мијалков пак, целта на ваквите прес-конференции е да им се понудат други теми на медиумите блиски до СДСМ за да ги игнорираат аферите на раководството на партијата. „За крај се разбира дека останува суштинското прашање од кое што се плаши СДСМ и гласи: Толкава ли е паниката од претстојниот пораз и стравот од соочувањето со граѓаните, што СДСМ е подготвено да се спушти длабоко во калта и преку манипулации и дисквалификации да ја извалка целата кампања“, се наведува во реакцијата на Мијалков.
XS
SM
MD
LG