Достапни линкови

НАТО - ја предупреди Русија за Крим


НАТО ја предупреди Русија да не презема какви било чекори за да го одвои Крим од Украина.
Во соопштението референдумот на Крим за приклучување кон Русија е оценет како незаконски и нелегитимен.
Во соопштението на НАТО се наведува и дека условите под кои се одржа гласањето во неделата, вклучувајќи ја и руската воена интервенција, како и ограничувањата и манипулацијата на медиумите не му дава кредибилитет на гласањето. НАТО ја повика Русија да ги прекине сите воени активности против Украина.
XS
SM
MD
LG