Достапни линкови

Утврден редоследот на кандидатите за претседател


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов ќе биде прв на избирачкото ливче за претседателските избори на 13-ти април. Втор, според жребувањето што се одржа денеска во Државната изборна комисија, ќе биде кандидатот на ДПА Илијаз Халими, Стево Пендаровски од СДСМ ќе биде трет, додека кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски ќе биде четврти.
ДИК утврдената единствена листа на кандидат за избор на претседател на Република Македонија најдоцна до утре ќе ја објави во Службен весник.
XS
SM
MD
LG