Достапни линкови

Русија предлага "група за подршка" на Украина


Русија предложи формирање така-наречена група за подршка, која ќе биде посредник за надминување на кризата во Украина. Според руското Министертво за надворешни работи, групата за подршка би требало да ја принуди Украина да го прифати исходот од вчерашниот референдум на крим. Натаму се оценува дека уставот на Украина треба да биде сменет и земјата да биде федеративно уредена, а рускиот јазик да биде фтор официјален. Натаму, според Москва, украинскиот територијален интегритет и суверенитет, како и политичката и воената неутралност треба да бидат гарантирани од Русија, Сиединетите Држави и Европската Унија.
XS
SM
MD
LG