Достапни линкови

По Груевски, и ДУИ со свој отчет


Премиерот Никола Груевски го презентира отчетот за работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „За подобра Македонија“

Премиерот Никола Груевски го презентира отчетот за работата на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „За подобра Македонија“

Паралелните отчети не зборуваат за поделеност во односите со ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДУИ. Од СДСМ со коментар дека во отчетот на премиерот го немаше она што требаше.

И ДУИ во наредните денови ќе се пофали пред граѓаните со тоа што ќе го презентираат својот извештај за проектите од платформата која е интегрален дел од власта. Ова денеска го најави портпаролот на ДУИ Бујар Османи по вчерашниот отчет на премиерот Никола Груевски за сработеното на владата за периодот 2011-2014. Тој реагираше дека паралелните отчети не зборуваат за поделеност во односите со ВМРО-ДПМНЕ. Двете партии се автономни партии и црпат легитимитет од двата етникума, односно од два електората и имаат свои програми што со преговорите за влада ги спојуваат во една, рече Османи.
Во 2011 владината програма едноставно беше спој на програмите на двете победнички партии на двата етникума, така да, нормално e и отчетот да биде посебен.

„Не, едноставно секоја партија ги презентира успесите од својата платформа, бидејќи за првпат во 2011 владината програма едноставно беше спој на програмите на двете победнички партии на двата етникума, така да, нормално и и отчетот да биде посебен.“

До отчетот за изминатите три години доаѓа пред претстојните претседателски и вонредни парламентарни избори. Премиерот во најголем дел се осврна на економската политика нагласувајќи дека реформите донеле конкретни инвестиции. Од СДСМ со коментар дека во отчетот на премиерот го немаше она што требаше.

„Тоа е иселувањето на преку 400 илјади луѓе за време на неговото владеење, зголемувањето на јавниот долг, ниту збор за медиумите, слободите, човековите права“, изјави Шилегов.
Тоа е иселувањето на преку 400 илјади луѓе за време на неговото владеење, зголемувањето на јавниот долг, ниту збор за медиумите, слободите, човековите права.

Тој додаде:

„Исто така не даде објаснување дали под странска инвестиција го подразбира и Субрата Рој, дали под странска инвестиција ги подразбира и бизнисите на неговите најблиски роднини и соработници. Не се осврна ниту со запирка на мега корупцискиот скандал со градежната фирма „Актор“, во којшто очигледно се инволвирани и високи владини функционери“, изјави Шилегов.

Груевски во својот отчет, на СДСМ им забележа дека ниту еднаш не собрале доблест да поздрават барем еден од нивните проекти. Во отчетот на премиерот не стана збор за внатрешно политичките односи, за односите со ДУИ, ниту пак за надворешната политика.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG