Достапни линкови

Американски маринци го запленија танкерот на либијските бунтовници


Американски маринци ја превзеле контролата врз танкерот кој превезуваше нафата за бунтовниците во источна Либија. Стејт Департментот соопшти дека никој не бил повреден во акцијата во изминатата ноќ, кој била изведена во меѓународни води, југо-источно од Кипар. Интервенцијата ја побарале владите на Кипар и на Либија, а била одобрена од претседателот Барак Обама. Со танкерот, со ознаки на Северна Кореја, се превезувала нафата на Либијската владина компанија, но тројца вооружени либијци го киднапирале и го пренасочиле во либијското пристаниште Ас Сидра, кое e под контрола на бунтовниците. Либијскиот парламент, во минатата недела го разреши премиерот Али Зејдан, откако либијската морнарица не успеа да го заплени танкерот.
XS
SM
MD
LG