Достапни линкови

Најмногу коментари за апатичноста на студентите


Студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје.
Студентскиот дом Гоце Делчев во Скопје.

За условите во студентскиот дом Гоце Делчев и за молкот на студентите, како и за политичката понуда на следните избори, коментирале граѓаните на нашата интернет страница.

Дали посетителите на нашата веб-страница не се многу расположени да го коментираат прашањето во Хајд паркот, личност или партија се поважни кога се гласа за претседател на државата или е нешто друго во прашање... како и да е, и Љупчо и Незабеган, обајцата од Скопје, се согласни во едно: додека не се направи нормален попис на граѓаните нема ни да има нормални избори, и сè додека Избирачкиот список дефинитивно не се исчисти, особено од оние кои како албански граѓани од Пустец масовно партиски се носат да гласаат во друга држава, во Македонија, секој избор е најобична фарса и лажна легитимација за тековниот репресивен режим.
Да се фалат, ама со што? Беда сме, мизерија, масовно бегање на младите... поделени сме на две племиња, на „наши“ и „ваши“, а вадењето со СДСМ веќе не пали зашто тие се 8 години на власт.

А за тоа дека власта ќе се фали, а опозицијата ќе нуди подобро, како што сметаат консултираните политички аналитичари, Ставре од Куманово не го бендисува Здравко Савески и ни забележува дека користиме услуги, како што вели, на проблематично независни и некомпетентни експерти. Бургија од Зрзе напишал: „Да се фалат, ама со што? Беда сме, мизерија, масовно бегање на младите... поделени сме на две племиња, на „наши“ и „ваши“, а вадењето со СДСМ веќе не пали зашто тие се 8 години на власт“.

Боцка од Скопје и Глигор од Кавадарци го коментираат текстот „Време е за будење“ што за младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа на македонски ја напиша Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија. Боцка се чуди зошто младите луѓе, студенти, кои живеат
И по домовите ли се партиски нафукани па сега молчат и си ги чуваат креветите? Дури и пензионерите се погласни од студентите.
Коментар на читател.
во мизерните услови на домот „Гоце Делчев“ се толку апатични и немаат желба ништо да променат. „И по домовите ли се партиски нафукани па сега молчат и си ги чуваат креветите? Дури и пензионерите се погласни од студентите“, забележува Боцка. Глигор, пак, си припомнува на деновите кога тој бил сместен во „Гоце Делчев“ тогаш, вели, најмодерниот студентски дом во поранешна Југославија, а „неговите станари - студентите беа најмасовни во протестот против покачувањето на цените за сместување и исхрана при што успеавме да ја поништиме одлуката за тоа“.

Во врска со одложувањето на обврската за задолжително монтирање екофилтри на Макстил и на Југохром од страна на владата, поточно од министерството за екологија, Перо прашува дали власта е свесна дека и нивните деца се трујат од загадениот воздух, а Незабеган коментира: „Ако владата ги затвори овие неколку фабрики ќе нема кого да рекетира. Едноставна ДРПМНЕ логика“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG