Достапни линкови

САД и ЕУ денеска ќе ги објават казните за Русија


Европската унија и Соединетите американски држави денеска треба да ги обелоденат казните за Русија поради нарушување на украинскиот територијален интегритет. Американскиот претседател Барак Обама му рекол на неговиот руски колега Владимир Путин дека меѓународната заедница нема да го признае резултатот од референдумот во украинскиот регион Крим. Про-руските власти во регионот соопштија дека од половина пребриени гласови, 95,5 проценти од жителите на Крим го подржале приклучувањето кон Русија. Комплетните резултати се очекуваат во текот нa денот.
XS
SM
MD
LG