Достапни линкови

Стејт Департментот ја повика Северна Кореа да не провоцира


Американскиот Стејт Департмент ја повика Северна Кореа да се воздржи од провокативни постапки по информациите дека официјален Пјонгјанг тестирал 10 ракети со краток дострел во источниот дел од Корејскиот полуостров. Портпаролот на Стејт Департментот Џен Псаки рече дека институцијата ја следи ситуацијата. Новинските агенции јавија дека тест ракетите пролетале 70 километри пред да се детонираат во морето.
XS
SM
MD
LG