Достапни линкови

Убедлива изборна победа на Српската напредна партија


 Александар Вучиќ

Александар Вучиќ

На вчерашните вонредни парламентарни избори во Србија, според независни агенции за следење на изборите, убедливо победи владејчката Српска напредна партија. Таа добила околу 160 места во парламентот во кој има 250 пратеници.

На второ место, е коалицискиот партнер на „напредњаците“, Српската социјалистичка партија која добила 50 пратеници.

Опозициските Демократска партија и Нова демократска партија се единствените други кои ја исполнија квотата од 5 насто за да влезат во парламентот.
Сигурен сум дека Србија ќе продолжи на нејзиниот европски пат и сигурен сум дека Србија тесно ќе соработува со нејзините пријатели во светот, со Русите, со Американците, со Кинезите, и со сите други.

Српската напредна партија предводена од популарниот политичар Александар Вучиќ беше таа која инсистираше на предвремени избори и тоа на половината од мандатот на владата, наведувајќи дека сака посилен мандат од гласачите да се бори против корупцијата и да ги спроведе неопходните реформи.

Вучиќ ги најави изборите во јануари, неколку денови откако Европската унија ги почна преговорите за членство со Србија.

„Сакам само да кажам дека сме подготвени да му подадеме рака на секој кој сака да разговара и да соработува и оти ние нема да потцениме никој поради нивните изборни резултати. Сигурен сум дека Србија ќе продолжи на нејзиниот европски пат и сигурен сум дека Србија тесно ќе соработува со нејзините пријатели во светот, со Русите, со Американците, со Кинезите, и со сите други“, им порача Вучиќ на насобраните приврзаници во Белград.

Аналитичарите велат дека Српската напредна партија сега би требало да обезбеди нов заем од Меѓународниот монетраен фонд.

Но, за да го стори тоа, Србија ќе треба да го намали буџетскиот дефицит, како и јавниот долг. Новата влада исто така ќе треба да го скрати пренатрупаниот јавен сектор во кој се вработени над 700 илјади луѓе.

Секој петти работоспособен во Србија е невработен, а просечната месечна плата е 350 евра.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG