Достапни линкови

logo-print

Шилегов-Во колку рајски земји Мијалков води бизниси?


Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов на прес конференија праша дали освен од Чешка и Панама, братучедот на Никола Груевски, директорот на УБК, Сашо Мијалков, води бизниси и преку други рајски земји? Дали Сашо Мијалков кружи и преку штедниот девизен рај Швајцарија? Поконкретно Лугано? И дали можеби директорот на УБК по овој пат влегол во фирми во Македонија од коишто се богати?

„Господинот Сашо Мијалков во вчерашната реакција побара Социјалдемократскиот сојуз да се обрати кај менаџментот на компаниите за кои говоревме. Добро, ќе ја задоволиме волјата на Сашо Мијалков.Ајде да се запознаеме со менаџментот на панамската фирма ТАСИГА КОРП. Тоа е, да се потсетиме, компанијата на којашто Мијалков наводно ја продава чешката фирма што ја криеше од Антикорупциската комисија, а во којашто управител е сеуште човекот од доверба на Мијалков, Горан Гацов“, рече Шилегов.
XS
SM
MD
LG