Достапни линкови

Украина – постигнат договор со руските сили до 21 март


Украинскиот привремен министер за одбрана Игор Тењучек изјави дека Русија и Украина постигнале договор за Крим кој ќе важи до 21 март. По состанокот на кабинетот во Киев тој рече дека според договорот Русија ветила дека ништо нема да презема против украинските воени сили на Крим и оти тие ќе ги продолжат своите редовни активности до 21 март.
Говорејќи во Киев, Тењучек рече дека договорот бил постигнат со Руското министерство за одбрана и руската црноморска флота денеска , додека жителите на Крим на референдум се изјаснуваат дали полуостровот треба да се отцепи од Украина и да стане дел од Русија.
XS
SM
MD
LG