Достапни линкови

Запален Хиндуистички центар поради сквернавење на Куранот


Во Пакистан разултена толпа го запалила Централното седиште на Хинду заедницата како реакција на претходни тврдења дека претставник на хинду заедницата осквернавил копија од Куранот. Инцидентот се случил во Ларкана , во јужната провинција Синд. Агенциите објавија дека полицијата привела едно лице , но нема информации за жртви . Според агенциските извештаи, 200 лица насилно влегле во центарот и го запалиле.Инцидентот се случил откакко некои жители јавиле дека виделе изгорени страници на Куранот во канта за отпадоци. Во Пакистан досега имаше бројни инциденти поттикнати од наводите за сквернавење на Куранот.
XS
SM
MD
LG