Достапни линкови

logo-print

Груевски во отчетот -Македонија четврта земја со најголем економски раст во Европа


Постигнавме четврт највисок економски раст во Европа во минатата година и покрај многубројните предизвици и реални последици од светската економска криза и европската должничка кои сеуште се чувствуваат, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во отчетот за сработеното на партијата во периодот од 2011 до 2013 година.

Растот на економијата, како што посочи, е движен од високите капитални инвестиции од Буџетот, како и извозот на фирмите-директни странски инвестиции во ТИРЗ и во индустриските зони.

За годинава како резултат на предвидените крупни инфраструктурни проекти во буџетот, како и изградбата на новите автопатишта и енергетски проекти, планирано е да се реализираат капитални инвестиции од над 38 милијарди денари
XS
SM
MD
LG