Достапни линкови

Словачка: Новиот претседател во вториот круг


Словаците во саботата на првиот круг од изборите не одлучија кој ќе биде новиот претседател на државата па пресуден ќе биде вториот дуел меѓу актуелниот премиер на Словачка Роберт Фицо и филантропот и бизнисмен Андреј Kиско. Релативно малиот одзив од 43,4 проценти од вкупно 4,3 милиони избирачи на Словачка ги изедначи нивните шанси за вториот круг што треба да се одржи на 29 март. Агенциите јавија дека Фицо добил помалку од очекуваните 27,8 проценти од гласовите,а неговиот против кандидат повеќе од 23,8 проценти.
XS
SM
MD
LG