Достапни линкови

На предвремените избори во Србија до 10 часот излегле 9.09 проценти од избирачите,изјави претседателот на изборната Комисија Дејан Џуревиќ.Тој посочи дека тоа е помaлку од излезноста на изборите во 2012 година.Изборите поминуваат без инциденти.
Право на глас имаат над 6,76 милиони граѓани на Србија кои се изјаснуваат за составот на новото српско Народно собрание.На изборите учествуват 19 листи на паратии, коалиции и независни кандидати, од кои седум се на партии на припаниците на националните малцинства, а предложени се 3020 кандидати за 250 пратенички места.
Паралелно со предвремените парламентарни избори, се одржуваат и избори за членови на Собранието на Белград.
Традиционално,граѓаните своето гласачко право ќе можат да го остварат од седум до 20 часот.
XS
SM
MD
LG