Достапни линкови

Албанија-Крим не е Косово


Официјална Тирана оценува дека референдумот во Крим е нелегитимен и е во спротивност со Уставот на Украина и меѓународното право.
Во соопштението на Министертвото за надворешни работи објавено синоќа се упатува апел до Руската Федерација да ги запре активностите на оваа опасна и дестабилизирачка иницијатива кој е закана за суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Украина.
Притоа во соопштението се наведува дека Албанија ги осудува сите оние кои вршат споредба помеѓу Крим и Косово.
„Крим е нешто друго, а Косово друго бидејки аргументите и историските факти за Косово се многу поразлични, се вели во соопштението во кое се упатува апел страните да најдат решение по мирен пат преку дијалог и демократски средства.
XS
SM
MD
LG