Достапни линкови

Општина Липково забележува мал напредок


Општина Липково.

Општина Липково.

Локалната самоуправа Липково бавно, но сепак забележува напредок во изградба на инфраструктурата.

Локалната самоуправа Липково бавно, но сепак забележува напредок во изградба на инфраструктурата. Има амбуланта и 24-часовна лекарска услуга, пошта, канцеларии на подрачните Министерства за труд и социјална политика, за земјоделие, за правда-матично одделение и од Агенцијата за вработување.
Генерално семејствата живеат од странство. Од секое семејство има барем по еден вработен во Германија, Швајцарија, Австрија, инаку без тоа би било многу потешко.

Според секретарот на Општината, Неџати Османи, и овие 27 илјади жители се соочуваат со сиромаштијата и невработеноста како и останатите во државава. Во Липково популацијата е млада, но поради работа, тие се принудени времено да заминуваат во странство.
Неџати Османи, секретар на Општина Липково.

Неџати Османи, секретар на Општина Липково.


„Генерално семејствата живеат од странство. Од секое семејство има барем по еден вработен во Германија, Швајцарија, Австрија, инаку без тоа би било многу потешко“, вели тој.
Сега во Општината Липково има многу културни и образовани жени. Тие работат во сите сфери. Средното образование е задолжително, а 90 отсто од нив образованието го продолжуваат на факултети.

Во Општината има седум основни училишта во кои настава посетуваат околу пет илјади ученици, а гимназијата опфаќа над 500 ученици. Условите во училиштата, како што вели Османи, се добри, бидејќи општината инвестирала во нив. Имаат и комунални јавни претпријатија.

„Да не се фалиме, ама кога почнавме да работиме инфраструктурата ни беше под нулата. Немавме ништо. Сега работиме на изградба на канализација, водовод, патишта, училишта и се надеваме дека состојбата ќе биде подобрена“, вели Османи.
Мирибане Ајредини, претседателка на Советот на Општина Липково.

Мирибане Ајредини, претседателка на Советот на Општина Липково.


За тоа средства издвојува општината, но има помош и од државата. Досега од Липковските акумулации се добиени 200 литри вода во секунда за водоснабдување на населението, а годинава се планира и изградба на филтер-станица.

Во изминатиот период населението од овој регион се занимавало главно со одгледување тутун. Османи вели дека оваа земјоделска гранка е напуштена.

„Не се склучуваат договори за производство на тутун што значи дека државата се оддалечи од тоа. Можеби има две-три семејства кои се занимаваат со тоа производство“, вели тој.

Пред две-три години од липковско масовно заминуваа луѓе во потрага по азил во земјите на ЕУ. За сега Османи вели:

„Можеби има некој случај, но тоа не е појава од големи размери.“

А за емигрантите од земјите на Блискиот Исток, секретарот во Општината Липково додава:

„Ние како локална самоуправа малку имаме такви информации. Тоа е во надлежност на МВР. Веројатно има, но тоа е намалено и не знаеме ниту колку се, ниту каде се“, вели Османи.

За узурпирање на имотите на раселените Срби и Македонци од селото Матејче, Османи вели дека немаат детални информации.

„Некои го продале имотот, некои сè уште не, но дали има узурпација на нивните имоти не знаеме“, вели тој.

Во Советот на Општината има 19 советници од три партии, ДУИ, ДПА и Демократска партија. Од пет жени советнички, едната од нив, Мирибане Ајредини, учителка од Матејче, е претседател. За тоа дали ѝ е тешко да ја извршува оваа функција, Ајредини вели:

„Не е лесно во рурална средина да бидеш претседател на Совет, меѓутоа јас некако се справувам со тоа и немам проблеми.“

Инаку за еманципацијата на жената Албанка, Ајредини додава:

„Сега во Општината Липково има многу културни и образовани жени. Тие работат во сите сфери. Средното образование е задолжително, а 90 отсто од нив образованието го продолжуваат на факултети“, вели Мирибане Ајредини, претседателка на Советот.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG