Достапни линкови

Сочи- Тивок протест на украинските параолимпијци


Украинските учесници на Параолимписките игри во Сочи одлучија на мирен начин да го изразат нивното нездоволство поради немирите во нивната замја.
Добитниците на медали својот протест го искажуваа со прикривање на медалите. Ова е мирен протест,не е политички.Се бориме за мир,бидејќи ситуацијата во Украина не се менува, изјави претставничката на тимот на Украина, Наталија Харак.
На спортистите ова им е единствен начин да го изразат своето незадоволство од новонастаната ситуација во Украина и тензиите меѓу двете земји, бидејќи со правилата на Параолимписките игри на спортистите им е забрането изразување политички пораки.
Украинските спортисти освоија над 20 медал на Параолимписките игри во Сочи.
XS
SM
MD
LG