Достапни линкови

logo-print

25 земји вклучени во потрагата по исчезнатиот авион


Официјалните власти на Малезија соопштија дека 25 земји се вклучени во потрагата по авионот на Малезија ерлајнс кој исчезна пред повеќе од една недела со 239 патника.Владата на Малезија побара помош од повеќе земји меѓу кои Казахстан, Узбекистан, Киргистан, Туркменистан, Пакистан, Индија, Кина, Франција и САД. Во меѓувреме полицијата изврши претрес во домовите на двајцата пилоти на авионот. До ова дојде по еден ден откако Премиерот Наџиб Разак рече дека има информации кои укажуваат дека летот 370 намерно бил пренасочен и оти авионот летал неколку часови по напуштањето на предвидената патека.
XS
SM
MD
LG