Достапни линкови

logo-print

Жителите на Крим масовно излегуваат на Референдумот. Околу 1,8 милиони жители избираат дали Крим ќе се придружи на Руската федерација или ќе остане во состав на Украина.

Жителите на Крим од рано изутрината масовно излегуваат на референдумот за статусот на овој украински полуостров.
Според податоците од гласачките места голем е бројот на редици на оние кои сакаат да гласаат на Референдумот, изјави претседателот на проруската изборна комисија Михаил Маљешев. Про- руските власти соопштија дека повеќе од 50 проценти од гласачите излегле на гласање до раните попладневни часови.
Со силно воено присуство на Крим денеска почна референдумот за идниот статус на Крим Референдумот го распишаа новоформираните проруски власти .
Околу 1,8 милиони жители треба да заокружат еден од двата можни одговори: Дали сте за тоа Крим да се присоедини на Руската Федерација или Дали сте за тоа на сила да се врати Уставот на Крим од 1992 година и за статус на Крим во состав на Украина.
Русија вчера во Советот за Безбедност на ОН стави вето на резолуцијата која го прогласува за нелегитимен референдумот за отцепување од Украина.

ЕУ и САД сметаат дека референдумот за идниот статус на украинскиот полуостров Крим е нелегитимен. Русија вчера во Советот за Безбедност на ОН стави вето на резолуцијата која го прогласува за нелегитимен референдумот за отцепување од Украина. Тринаесет држави гласаа за резолуцијата, додека Кина која е сојузник на Русија се воздржа од гласање.

Во меѓувреме Украина, објави дека руски војници поддржани од хеликоптери ја презеле контролата врз село северно од Крим. Акција во Стрилково претставува првиот чекор надвор Крим, каде што се влезени руски војници од крајот на минатиот месец. Нема извештаи за престрелки или повредени. Привремениот претседател Олександар Турчинов изјави дека Украина се соочува со реална закана од инвазијата. Во источниот град Донецк, илјадници про-руски демонстранти упаднаа во локалните канцеларии на националните безбедносни служби. Во Москва, пак десетици илјади лица вчера протестираа против активностите на Русија во Украина.
Со оглед дека етничките Руси се околу 60 проценти од населението во Крим, се очекува мнозинството да гласа за присоединување на Крим кон Русија.

Одржуавњето на рефередумот синоќа беше причина и за телефонски разговор на Минстерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров со американскиот државен секретар Џон Кери. Министерот Сергеј Лавров му кажал на државниот секретар на САД Џон Кери дека Русија смета оти гласањето во Крим за напуштање на Украина и присоединување кон Русија е во целосна согласност со меѓународното право. Лавров во синоќешниот телефонски разговор со Кери исто така рекол дека украинските власти треба да ги ограничат неконтролираните ултра-националистички и радикални групи кои ги тероризираат луѓето кои зборуваат руски во Украина. САД и Европската унија веќе го отфрлија кримското гласање како нелегитимно.

САД и Европската унија веќе го отфрлија кримското гласање како нелегитимно.
Со оглед дека етничките Руси се околу 60 проценти од населението во Крим, се очекува мнозинството да гласа за присоединување на Крим кон Русија.
А, во момент на зголемени тензии околу Крим дојде и до ескалација во сајбер просторот.
Неидентификувани хакери синоќа блокирале неколку пристапи до веб страницата на НАТО. До оваа најнова ескалција во сајбер просторот доаѓа во момент на зголемени тенизи околу Крим. Групата која се нарекува Сајбер Беркаут објави дека нападот бил извршен од украински патриоти кои се незадоволни од инволвирањето на НАТО во нивната земја. Нивното барање, што го објавија на Твитер, засега не е независно потврдено. Алијансата соопшти дека хакерите го блокирале пристапот до сајтот на НАТО, но оти нападот нема последици врз функционирањето на системот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG