Достапни линкови

Лавров- гласањето на Крим е целосно легитимно


Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров му кажал на државниот секретар на САД Џон Кери дека Русија смета оти гласањето во Крим за напуштање на Украина и присоединување кон Русија е во целосна согласност со меѓународното право.Лавров во синоќешниот телефонски разговор со Кери исто така рекол дека украинските власти треба да ги ограничат неконтролираните ултра-националистички и радикални групи кои ги тероризираат луѓето кои зборуваат руски во Украина. САД и Европската унија веќе го отфрлија Кримското гласање како нелегитимно. Во саботата, Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прогласување на референдумот за неважечки. Тринаесет држави гласаа за, додека Кина која е сојузник на Русија, се воздржа од гласање. Со оглед дека етничките Руси се околу 60 проценти од населението во Крим,се очекува мнозинството да гласа за присоединување на Крим кон Русија.
XS
SM
MD
LG