Достапни линкови

logo-print
Гласачките места се отворени во Крим каде граѓаните се изјаснуваат на референдум за тоа дали Крим треба да се присоедини кон Русија. Вчера во Советот за Безбедност на ОН Русија стави вето на резолуцијата за прогласување на референдумот за отцепување од Украина за неважечки. Тринаесет држави гласаа за резолуцијата,а Кина се воздржа од гласање. Во меѓувреме Украина, објави дека руски војници поддржани од хеликоптери ја преземале контролата врз село северно од Крим. Акцијата во Стрилково претставува првиот чекор на надвор Крим, каде што се влезени руски војници од крајот на минатиот месец. Нема извештаи за престрелки или повредени. Привремениот претседател Олександар Турчинов изјави дека Украина се соочува со реална закана од инвазија. Во источниот град Донецк, илјадници про-руски демонстранти упаднаа во локалните канцеларии на националните безбедносни служби. Во Москва, пак десетици илјади лица вчера протестираа против активностите на Русија во Украина
XS
SM
MD
LG