Достапни линкови

Времето денеска-променливо облачно со сончеви периоди


Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе биде и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено во источните делови од земјава каде ќе се задржи и пооблачно. Кон крајот на денот е можен и слаб локален дожд во североисточниот дел.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 12 до 19 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно и ветровито. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

В понеделник ќе биде ветровито иако облачноста повторно ќе се намали. Во наредните денови повторно не очекува сончево и уште потопло време
XS
SM
MD
LG