Достапни линкови

logo-print

Русија стави вето на резолуцијата против Кримскиот референдум


Русија стави вето во Советот за безбедност на ОН за нацрт-резолуција во која се наведува дека утрешниот референдум за припојување на Крим кон Русија може да нема никаква важност .Кина се воздржаа на денешното гласање во Советот за безбедност. Другите 13 членки на Советот за безбедност гласаа за нацрт-резолуцијата. Рускиот амбасадор Витали Чуркин во ОН, пред состанокот изјави дека можно се изненадувања на ова гласање.Во резолуцијата се вели дека Кримскиот референдум во недела може да нема никаква важност. Резолуцијата исто така ги повика државите и меѓународните организации да не признаат никаква промена на статусот на Крим врз основа на овој референдум.
XS
SM
MD
LG