Достапни линкови

Јанкулоска: Координација со приватните обезбедувања за претстојните избори


Претстои сложен изборен процес со две паралелни кампањи и затоа ценевме дека е потребна добра координација со луѓето кои работат во приватното обезбедување, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која беше во посета на Комората за приватно обезбедување.
Во Република Македонија има 154 активни правни лица кои вршат дејност обезбедување.

- Станува збор за голем број лица кои можат да бидат вклучени во процесот на обезбедување поврзан со изборите и затоа сакавме да воспоставиме нова практика имајќи предвид дека новиот Закон за приватно обезбедување дава одредени овластувања за лицата кои работат во приватното обезбедување, рече Јанкулоска.На средбата е договорено во наредните денови да биде спроведена обука за агенциите за обезбедување да не дојде до некои конфликтни ситуации на терен во однос на примената на овластувањата.
XS
SM
MD
LG