Достапни линкови

Педи Ешдаун: Русија го поттикнува сепартизмот во БиХ


Поранешниот висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина, Педи Ешдаун ја обвини Русија дека се меша во внатрешните работи на БиХ и дека ги поттикнува сепаратистичките амбиции на босанските Срби.
Ешдаун ваквите оценки ги изнел за време на седница на Горниот дом на британскиот Парламент, поставувајќи и прашање на Владата за тоа што планира да преземе Лондон во врска со случувањата во БиХ.
Претставничката на британскиот Форин офис, Саида Варси, нагласила дека дел од дипломатските напори на Владата во Лондон се насочени и кон сперчување на евентуалното ширење на украинската криза. Европа треба да продолжи со напорите за надминување на проблемите на Западниот Балакан и не смее да дозволи мешање на тие две прашања, нагласила Варси.
XS
SM
MD
LG