Достапни линкови

logo-print

Кримското Собрание распуштено, Киев го обвинува Кремљ за насилствата


Пратениците во Киев се вознемирени поради утрешното одржување референдум за присодинување на Крим кон Русија. Привремниот претседател на Украина, Олександр Турчинов, ја обвини Москва за насилствата во источниот дел на Украина.

Еден ден пред референдумот во Крим за присоединуавње кон Русија Украинскиот парламент во Киев денеска гласаше за распуштање на Кримскиот регионален парламент во Украина. Огромното мнозинство од 278 пратеници гласаа „за“, а еден беше воздржан. Седумнаесет пратеници не учествуваa нa гласањето.
Пратениците во Киев се вознемирени од одржувањето на референдумот за тоа дали Крим да се присоедини кон Русија.

Парламентот во Киев дебатираше за ова прашање денеска на посебна седница со која претседаваше привремениот претседател на државата и претседател на парламентот Олександар Турчинов. Пратениците во Киев се вознемирени од одржувањето на референдумот за тоа дали Крим да се присоедини кон Русија, закажан за утре. Украинската влада го прогласи референдумот за нелегален.
Украинската влада го прогласи референдумот за нелегален, но руските официјални лица изјавија дека тие ќе ја почитуваат волјата на народот.

Еден украински националистички лидер во Киев изјави дека Кримското собрание било неопходно да биде распуштено со цел да се обесхрабрат слични сепаратистички движење во источно украинските градови кои се претежно населени со руско малцинство.

Привремениот претседател на Украина, Олександр Турчинов, ја обвини Москва дека стои зад насилствата што се случија во источните делови на Украина во последните две ноќи. Tурчинов во Парламентот изјави дека агенти на Кремљ во Донецк и Харков организираат и финансираат масовно про-руски протести. Министерот за внатрешни работи, Арсен Aваков, потврди денеска дека две лица загинаа, а неколку се повредени во престрелка меѓу про-руските и про-украинските поддржувачи во Харков во текот на ноќта во петокот.

Во Москва, пак, денеска десетици илјади лица протестираа против руските акции во Крим. Маршот започна на плоштадот Пушкин и продолжи во непосредната околина. До демонстрациите доаѓа еден ден пред закажаниот референдум во Крим за присоединување кон Русија. Украинската влада го прогласи референдумот за нелегален, но руските официјални лица изјавија дека тие ќе ја почитуваат волјата на народот. Многу демонстранти носеа украински и руски знамиња, извикувајќи слогани како „Окупацијата на Крим е руски срам“ и „Не чепкајте ја Украина“.

Уште еден митинг во Москва се одржа во знак на поддршка на активностите на руската влада во Крим. Полицијата процени дека меѓу 10.000 и 15.000 луѓе присуствуваа на тие протести.

Како и да е, Советот за безбедност на ОН се очекува денеска да гласа за резолуцијата за почитување на територијалниот интегритет на Украина. Во нацртот што е поддржан од САД се наведува дека референдумот „може да нема важност“. Поддржувачите се свесни дека е речиси сигурно оти Русија ќе стави вето на резолуцијата. Меѓутоа, американскиот амбасадор Саманта Пауер рече дека ова има цел да покаже оти Русија со нејзината изолација не тежнее кон мирен пат. Поддржувачите се убедени дека 13 од 15-те членки на Советот, ќе гласаат „за“, а се надеваат дека Кина, која е близок сојузник на Русија, ќе биде воздржана.

Претходно, состанокот во Лондон меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не успеа да го одложи референдумот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG